(ФОТО) Вака изледа работилницата на Дедо Мраз

Доколку ги сакате новогодишните празници и подароци, сигурно сте се запрашале од каде доаѓаат сите тие играчки што се наоѓаат во пакетчињата за деца. Се разбира, првата помисла е Кина, но веројатно малкумина од вас виделе во какви услови работат луѓето во фабриките во кои се произведуваат играчките што потоа Дедо Мраз ги дели низ светот.

rabotilnica2

Фотографот Мајк Волф направил галерија на слики од луѓе во Кина кои работат на производните линии за најразлични играчки во една фабрика и прават од кукли преку Сунерот Боб, па се до Мики Маус.

Тој со работниците поминал еден работен ден и фотографирал сè – од доаѓањето на работа, напорната работа, оброкот што го имале и паузата што голем број од работниците ја користат за да спијат помеѓу деловите од играчките.

rabotilnica

По овие фотографии, веројатно ќе размислите пред да им купите на вашите деца некои од овие играчки. Сепак, од друга страна, ако одлучите да ги бојкотирате овие производи и да не купувате играчки направени во Кина, тоа повлекува со себе уште еден проблем.

rabotilnica3

Хипотетички кажано, доколку западниот свет престане да ги купува овие производи, луѓето кои работат напорно во овие фабрики во Кина ќе останат невработени, а тоа ќе значи катастрофа за нив. Па, размислете добро кое од двете зла ќе го изберете, оти во овој случај помало нема.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести