Малкумина веднаш би знаеле дека титулата најмал град во светот ја понесе Хум, скриен бисер во срцето на Истра, во Хрватска.
Ако некој ве праша кој е најмалиот град на светот, веројатно би рекле некаде во планините или на некој осамен остров. Но, малкумина веднаш би знаеле дека титулата најмал град на светот ја понесе Хум, скриен бисер во срцето на Истра, во Хрватска.

И тоа не без причина – Хум официјално има статус на град, но бројот на неговите жители често не надминува 30! Хум првпат се споменува во 12 век под името Холм, а целиот град изгледа како еден голем споменик на историјата. Опкружен со старите градски ѕидини, со само неколку камени куќи и црква од 12 век, Хум изгледа како времето во него целосно да застанало.

Според пописот од 2021 година, Хум има само 52 жители. Сепак, треба да се напомене дека овој број ја вклучува и пошироката област околу градот – помалку од 30 луѓе живеат во самиот центар на Хум. Со други зборови, сите жители на Хум би можеле да се сместат заедно во една училница.
Интересно е што Хум не е само туристичко место или напуштен град: има свој градоначалник, учествува на избори и негува богата традиција. Најпознат е по Глаголичката алеја и по ракијата „биска“.
Иако повеќе личи на село, Хум го задржува својот статус на град од историски причини. Неговата големина, шарм и приказна привлекуваат илјадници туристи секоја година – и покрај фактот дека, надвор од границите на Балканот, речиси никој не знае за него.
Значи, ако барате најавтентичен град во светот, каде што можете да пешачите „од влез до излез“ за помалку од пет минути – Хум ве очекува, пишува Курир.


