(ФОТО) Во Белград тренерот на Галатасарај носел панцир

Тренерот на турскиот тим Галатасарај Ергин Атаман, само неколку дена пред мечот во Белград добил дозвола да патува со екипата на Галатасарај во Србија. Тренерот излезе на теренот во „Комбанк“ арена со двајца припадници на личното обезбедување, а турските медиуми пишуваат дека тој стравувал за својот живот и поради тоа носел панцир од челик.

ataman_2

Припадниците на обезбедувањето цело време биле со него на теренот.

Атаман е мета на навивачите на Црвена звезда бидејќи за нив изјави дека се „терористи“ по мечот на двата тима одигран во Истанбул на 21.ноември минатата година, кога беше убиен Марко Ивковиќ, навивач на Црвена Ѕвезда.

ataman_1

Најчитани вести