(ФОТО) Загина Дијана Лебедева, руската Леди Ди

Дијана Лебедева(19), внуката на тајкунот Платон Лебедев, загина во Швајцарија. Преубавата наследничка ја нарекуваа „руската Леди Ди“.

Автомобилот во кој Лебедева се возела со 23 годишниот Азер Јагубов, син на азербејџански бизнисмен, слетал во езерото Лугано. И Дијана и Азер загинале – пренесуваат руските и швајцарските медиуми.

Полицијата ги истражува причините за несреќата. Се пренесуваат сеуште непотврдени информации според кои Јагубов учествувал во трка, загубил контрола врз неговото „бе ем ве“ и удрил во ограда, по што возилото со двајцата млади слетало во езерото.

Несреќата се случила во четвртокот, а телата на Лебедова и Јагубов од дното на езерото биле извлечени вчера.

dijana_nesreka

Дијана ја нарекуваа руската Леди Ди, „една од најсветлите ѕвезди на руското небо на златната младост“. Лебедева беше родена во годината кога Лејди Ди загина, пред 19 години.

Лебедева е внука на рускиот тајкун Платон Лебедев (59) , близок соработник на најостриот критичар на Путин, Михаил Ходорковски. Тој поминал 11 години в затвор ( од 2003 до 2014) поради затајување на данок и перење на пари. Тој има 4 деца а Дијана му беше внука.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести