Македонскиот пејач Јоце Панов го освои Златниот мелос за најперспективен странски пејач на истоимениот музичкиот натпревар во Србија.
Панов изведе две песни, „Ти пеам песна“ и „Нисам више тај“, песна за која видеоспотот го снимил со преубавата Црногорка Јелена Кировиќ.
-Многу сум сеќен што ја добив оваа награда во Србија. Тоа за мене е голема мотивација за да продолжам да работам и понатаму, изјави Панов.
Доделувањето на годишните музички награди „Златни мелос“, кое традиционално се одржува 20 години, се одржа во Врњачка бања.



