Фотографија што го обиколи светот: Девојка го зграпчи бугарскиот полицаец кој ги штител студентите

Фотографијата на Георги Кунчев  направена за време на анти-владините протести на студентите, на 12 ноември, пред собранието на Р.Бугарија,трогна многу луѓе во светот.

На неа е прикажана Деси Николова како го зграпчува полицаецот за рамена, затоа што претходно го видела како ги штити студентите кои биле тепани од полицијата.

-Тој имаше малку крв на носот. Го видов како ги заштитува луѓето и се обидуваше да ја спречи полицијата да ги тепа луѓето, во тој момент почнав да плачам, ми пријде и ми одговори: „Издржи, сè ќе биде в ред“. Неговите очи беа насолзени – изјавила Николова.

Бугарската полиција и претходно, кога се протестираше против високите сметки, воодушеви со своите одлуки, кога во знак на поддршка на демонстрантите ги спушти штитовите.

policija_bugarija

Некои бугарски медиуми објавија дека и на овие протести имало полицјаци кои ги поддржувале студентие и ги извадиле своите кациги и ги спуштиле штитовите.  

Најчитани вести