Изборот на костим за капење е многу важен за секоја жена. Освен потребата да е удобен, важно е и да ја следи линијата на телото, а моделот кој го избра Анастасија Ражнатовиќ ќе биде вистински хит ова лето.

На социјалната мрежа Инстаграм се појавија слики од наследничката на Цеца од Дубаи, а костимот за капење кој го избра Анастасија ги воодушеви дамите кои будно го следат секој нејзин чекор. Пејачката, всушност, се одлучила за дводелен модел, кафеав, кој може да се најде по цена од 222 евра. Стајлингот го заокружила со портокалов фустан за кој платила 240 евра, капа од 970 евра и очила за сонце од познат бренд кои чинат 125 евра.


