(ФОТО/ВИДЕО) Невремето во Скопје досега одзеде 20 животи

Во синоќешното невреме што го зафати Скопје и околината, животот го загубија 20 лица, од кои 13 се идентификувани, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (AA).

Портпаролката на полицијата, Наталија Спирова Кордиќ, извести дека 20-те загинати лица од кои за 13 е завршена идентификацијата, им се предадени на семејствата.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи до 8 часот и 30 минути, имаше 22 повредени, додека пак 6 лица се водат за исчезнати. Ова се бројките добиени до 8:30 минути утринава, но постои веројатност бројката на жртви и исчезнати да се зголеми во текот на денот, изјави за АА портпаролката Спирова Кордиќ.

(АА/Тони Николовски)

Во синоќешното невреме најмногу беа погодени Арачиново, Смилковци, Стајковци и Сингелиќ, каде што се најдени и жртвите.

АА/Бесар Адеми
АА/Бесар Адеми

Од МВР потврдија дека голем број екипи, од припадници на војската и специјалните единици, се сè уште на терен и работат на расчистување и пребарување на теренот. Синоќешниот пороен дожд и силен ветер предизвикаа одрони и свлечишта и ги поплави домовите и возилата.

АА/Бесар Адеми
АА/Бесар Адеми

Повеќе од 30 возила приближно час и половина беа заглавени на обиколницата кај селото Стајковци, поради свлечиште што формирало насип, а водата влегувала и во автомобилите.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во изминатите 24 часа во Скопје се измерени 93 литри на метар квадратен. Тоа се мерења за наврнат воден талог до 8 часот утрово.

Инаку Советот на Град Скопје за денеска во 14 часот најави вондредна седница на која ќе се дискутира за невремето кое го погоди градот Скопје изминатата ноќ.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести