Фудбалерите на Шпанија го повторија рекордот на Бразил по олимписки финалиња

Репрезентацијата на Шпанија вчеравечер го победи Мароко во полуфиналето на фудбалскиот турнир на Олимпијадата 2024 година со резултат 2:1. 

Шпанската репрезентација го повтори рекордот на Бразил за пласман во финалето на Олимписките игри – пет пати. 

„Фуријата“ играше во натпреварите за златен медал во Антверпен 1920, Барселона 1992, Сиднеј 2000, Токио 2020 и сега во Париз.

Финалето меѓу Франција и Шпанија ќе се одигра на 9 август. 

МИА