(ГАЛЕРИЈА)Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2019 година

priznanie4 Настанот го отвори заменик министерот за земјоделство Благе Цветковиќ -Почитувани гости, драго ми е што сум дел од ваков настан, каде сите чинители од секторот се на едно место. Ние како министерство и понатаму ќе продолжиме да работиме во насока на осовременување на секторот земјоделство и да донесуваме мерки во корист на најважните-земјоделците, истакна Цветковиќ. Признание за најуспешен премиер со исклучително залагање за развој на земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија, доби г-динот Зоран Заев. Во негово име, се заблагодари посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство Ленче Николовска. ln2 – Во името на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Г-динот Зоран Заев ви се заблагодарувам на укажаната чест и доверба. Земјоделското производство за Владата има приоритено значење а земјоделците и агробизнисмените го имаат местото кое го заслужуваат. Премиерот Заев со особено внимание ги следи состојбите во агросекторот и активно учествува во креирањето на мерките, во поддршката која ја дава владата преку земјоделските субвенции, поддршката на пласманот, инвестициите во системи за наводнување, изградба на откупно-дистрибутивни центри, развој на договорното производство и многу други мерки кои значат подобрување на состојбата во земјоделството. Современото земјоделско производство е целта кон која се движиме, а тоа може да се постигне со ангажирање на сите чинители во овој процес, земјоделците, институциите и науката. Затоа особена чест ми претставува што втора година сме заедно на едно место, разговарајќи на земјоделски теми и дружејќи се, рече Николовска. ln1 Оваа година ни пристигнаа голем број на предлози, кој се, треба да добие признание за својата работа во оваа област. И навистина беше многу тешко да се направи изборот, посебно во година во која се донесени голем број на мерки за поддршка на земјоделството. Затоа, не се штедеше на убави зборови и признанија за оние кои тоа навистина го заслужиле, за да добијат поттик уште повеќе да се вклучат во земјоделството и тоа да им биде приоритена гранка и пристојна егзистенција. Признанија добија многу други реномирани компании, стопанственици и земјоделци. bb1 Бис промет Агроцентар ДОО- Лидер во производство и продажба на семенски материјал од житни и фуражни култури СН Осигуротелен Брокер АД Битола- Најдобар осигурителен партнер на земјоделците и сточарите Илчо Даскаловски- Најголем производител на традиционално биено сирење од сопствена фарма Методија Илиевски- Проширување и осовременување на техничките простории и капацитети на МЗШВ ПЕ Битола со отворање на дисперзирани канцеларии во општина Новаци и општина Могила Гео балкан Дооел Битола- Успешно спроведување на првите проекти за консолидација на земјоделско земјиште во Пелагонискиот регион ЈП Пазари – Значајна соработка со земјоделските призводители Бајер АГ- Значаен придонес во земјоделскиот сектор Сеќе Крушево- Лидер во откуп, преработка и трговија со тутун Зоран Пачешкоски- Значаен придонес во земјоделството во прилепскиот регион ЈП Стрежево – Успешна соработка со земјоделските корисници на вода strezevo Ангела Ѓероска Ѓуровска- Воведување нови технологии во земјоделскиот сектор ЗК Пелагонија- Најголем земјоделски комбинат во Р.С. Македонија Централна Кооперативна банка АД Скопје- Сигурен и конструктивен партнер на земјоделците Везе Шари- Лидер во живинарството и производството на конзумни јајца во Р. С. Македонија Општина Новаци-Значаен придонес во земјоделството за својата општина bb3 Општина Долнени-Значаен придонес во земјоделството за својата општина Општина Крушево-Значаен придонес во земјоделството за својата општина Општина Ресен-Значаен придонес во земјоделството за својата општина Ирена Ристевска, Успешна млада жена-земјоделец Вендим Усеиновски село Кишава – значаен придонес во сточарството за пелагонискиот регион Дооел Либхер-најуспешна земјоделска фирма со користење на најсовремен трактор и механизација Поледелство Ерџелија-најголем производител на сончоглед во државата bonier Жито Брест-значен придонес во прехранбениот сектор Прехранбена индустрија „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ Велес-Производство на најпрепознатливиот бренд, масло Кристал од висококвалитетно сончогледово семе blagoj СОЗУ Кузман Шапкарев – Битола-Современа едукација со примена на практична настава Сокотаб Дооел Битола-Лидер во тутунската индустрија во Р. Македонија Марјан Трајчевски-млад земјоделец, производител на органска круша Сојуз на одгледувачи на овци на Р.С. Македонија – Значаен придонес во развојот на сточарството во Р.С. Македонија ЈП Комуналец Битола – успешна соработка со земјоделскиот сектор во општина Битола Ветеринарен Факултет Битола- Успешно едуцирање на стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина Ветеринарна амбуланта Дооел „Филипов“- Најуспешни во областа на ветеринарната медицина и здравствената заштита на домашните животни во пелагонискиот регион Општина ресен – ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈ И ПРОМОЦИЈА НА ОВОШТАРСТВОТО Блерим Бесими-најуспешен производител на квалитетни јаболка во преспанскиот регион sn_broker mende Менде Ивановски-претседател на МАЗЗ-Прва земјоделска задруга во Р.С.Македонија, која успешно функционира 10 години Пере Транталовски-најголем производител органско производител на лешник и малини во преспанскиот регион ИЗ „Беџет“, село Канатларци – успешен земјоделец на растително производство Марко Трпчевски-успешен млад земјоделец Spirit of Prespa – Значаен придонес за развој на руралниот туризам во Преспанскиот регион Николче Петровски-25 години успешно раководење во ЈП за стопанисување со пасишта, подружница Ниџе Битола Драган Манев, село Паликура, Росоман. Наголем производител на оргаски зеленчук На настанот присуствуваа близу 500 гости, се дружеше, веселеше и разговараше. Животот не е само работа, потребни се и ваквите средби на кои меѓудругото се разменуваат мислења и се создаваат нови пријателства. Признанија за особена заслуга за активности и ангажман во подобрување на состојбата во македонскиот аграр добија и поранешниот министер Љупчо Николовски како и актуелниот Трајан Димковски. Здружението Современо Земјоделство ќе ја продолжи оваа манифестација и следната година, надевајќи се на традиционална средба на која ќе им се оддава признание на најдобрите во своите области. priznanie7 priznanie priznanie2 priznanie8 priznanie9 luge lence_stefi sirenje bb bb4  ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести