(ГАЛЕРИЈА) Признанија за најдобрите земјоделци од Пелагонискиот регион

braniotis sz4 sz1   Манифестацијата  беше искористена за дружење и разменување на искуства помеѓу земјоделските производители и компании. druzenje2 druzenje3 druzenje Во официјалниот дел од манифестацијата, „Современо земјоделство“ на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски му додели плакета за најуспешен министер. ljupco2 Министерот Николовски изјави дека плакетата ќе биде поттик и во иднина МЗШВ уште поинтензивно, да работи на политики кои ќе бидат во корист на земјоделците и ќе го поттинкат развојот на агросекторот. „Голема чест и задоволство ми беше да ја примам плакетата за најдобар министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е поттик да продолжиме понатаму, да работиме уште поинтензивно, да разговараме со секој земјоделец и да креираме мерки според нивните потреби. Само заедно можеме да постигнеме развој во секторот, повисок стандард и подобар живот за земјоделците во Македонија. Резултатот од нашите мерки, на коишто посветено работиме, е видлив. Во првото полугодие од годинава имаме раст на земјоделството и учеството во БДП од над 3 отсто, пораст на вработеноста во секторот земјоделство, пораст на преработувачката индустрија во земјоделството“, порача Николовски. Плакети за придонес во развојот на земјоделското произвдоство добиеја и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата на РМ, Ленче Николовска. priznanija – Најголемо признание имам од земјоделците и нашата меѓусебна доверба која трае со години. После сите битки за достоинствен живот и профитабилен агробизнис, најавувам нов период на едукација, информации и работа со цел повлекување на милионските средства од Европските фондови за развој на македонскиот аграр. А земјоделците конечно да ги видам дел од европското семејство- изјави Николовска.. lence_priznanie Во рамки на манифестацијата, беше организиран и мини саем за земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино, пиво, млечни производи, мед и друго. saem saem2 druzenje4 druzenje6druzenje5 saem3]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести