Гатузо пред истрага поради местење резултати

Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Милан Џенаро Гатузо е под истрага поради местење натпревари, а во полициската рација околу овој случај утринава се уапсени четири лица.

Јавниот обвинител во Италија кој три години ја водел операцијата „Последен облог“ потврди дека Џенаро Гатузо како и поранешниот играч на Лацио Кристијан Броки биле дел од организирана група која местела натпревари во Серија А сезоната 2010/11.

За уапсените, обвинителот изјави дека биле врската на организацијата со играчите.

На Гатузо и на Броки им се заканува обвинителен акт за криминално здружување и измама во спортот пишуваат медиумите во Италија.

Гатузо беше член на италијанската фудбалска репрезентација која 2006 година стана Светски првак, а како тренер го предводеше Палермо до септември годинава.

Најчитани вести