Генерал Лафчиски на Конференција за војување на копнените сили во Лондон

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневна Конференција за војување на копнените сили (Land Warfare Conference – LWC) во Лондон.

За време на конференцијата ќе се образложуваат, анализираат и дискутираат теми од современото војување и други теми важни за современиот начин на војување на Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство (ОК), но и на сојузниците и партнерите на НАТО, соопшти прес-службата на Генерлаштабот.

Пред почетокот на конференцијата, генерал Лафчиски ќе има средба со заменик началникот за Штабот за одбрана на ВС на Обединетото Кралство, воздухопловниот маршал Харви Смит, како и со тимот одговорен за креирање на Стратегискиот Одбранбен преглед на ОК.

За време на дводневната посета, мачалникот на Генералштабот ќе ја посети и Кралската воена академија во Сандхрст, каде што се сретне со командантот на академијата, со цел потврдување на досегашната плодна соработка, како и идното школување на офицери од Армијата.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести