Гентрем се огласи: По завршување на производствената хала, работниците ќе се вратат на работа

По повод написите во медиумите, за непродолжувањето на договорите на вработените од Прилеп во компанијата Гентерм, прати соопштение – реакција, од страна на одделот за човечки ресурси при Гентерм. Во продолжение го објавуваме текстот од соопштението: Минатата недела компанијата Гентерм Македонија ДООЕЛ донесе одлука да не го продолжи договорот со 141 вработен заради следите околности: -Главната производствена хала ќе биде готова во Март 2016 -Нема можност за нови или префрлување на проекти додека не биде готова главната производствена хала и додека се добијат одобренија од страна на купувачите – Април – Јуни 2016 Сите овие луѓе чии договори не беа продолжени минатата недела беа информирани дека ќе бидат вработени назад со приоритет број 1 (бидејќи тие веќе беа обучени во Украина) во оној момент кога ќе биде готов производствениот капацитет и новите/трансферирани проекти ќе бидат отпочнати во Македонија. Во моментов Гентерм Македонија има 345 вработени.

Извор: emagazin.mk

Најчитани вести