„За една година ја зголемивме површината на јачмен за 15 илјади хекатари, тоа е ефект од политика на Владата. Ја намаливме потребата на увоз на сончогледово масло, помагајќи го производството на сончоглед. Се зголеми површината за нови 5 илјади хектари под сончоглед“ изјави Гоце Георгиевски од СДСМ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека со интервентниот фонд за земјоделие воведен на почетокот на 2022 година, пред руската агресија врз Укрина се стабилизираше земјоделскиот сектор во земјава.
„Првичниот буџет беше 250 милиони денари, резервни средства за да се интервенира за импути во земјоделството што би го нарушиле производствениот процес. Со украинската криза се увиде дека има потреба да се прошири фондот и да се зафат повеќе сектори, па буџетот се зголеми првично на 450, а потоа на 900 милиони денари“ рече Георгиевски.
Тој кажа дека овие средства се дополнителни на програмата за субвенциите и дека најмногу отишле во полјоделскиот сектор – за пченица, пченка, сончоглед и јачмен, како и во сточарството.
„Овие мерки на интервентиот фонд го стабилизираа целиот земјоделски сектор во една ситуација на енормно нестабилна состојба и во регионот и во Европа“ рече Георгиевски.


