Дваесет и деветгодишната Георгина Родригез, позната и како девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо предизвика лавина коментари и критики откако на Инстаграм објави серија фотографии во бикини.
Георгина објавила фотографии на својот профил на Инстаграм на кои се гледа како сонча во сино бикини покрај нивниот базенот, во вилата каде што живеат во Саудиска Арабија, а локалните жители ѝ се налутија токму поради тоа. Таа ги сподели фотографиите со своите речиси 50 милиони фанови, но Саудијците ѝ порачаа да се „покрие“.
Законот во Саудиска Арабија забранува објавување на „преекспонирани или полуголи“ фотографии на интернет. Исто така не е дозволено ниту невенчани парови да живеат заедно, но за Роналдо и неговата фамилија е направен исклучок.
„Толку непристојно“, „Покриј се, Георгина, Господ да те благослови“, „Треба да бараш прошка од Алах“ – се само дел од коментарите.
Сепак, се верува дека Георгина нема да биде казнета поради овие фотографии. Џејмс Дорси, експерт за блискоисточно право, за Дејли Стар изјави дека „во принцип, пристојното облекување е задолжително, но она што претставува пристојно облекување еволуирало“.
„Пред Мохамед бин Салман беше важно целосно да се покрие лицето и телото. Ова очигледно повеќе не важи, иако многу жени сè уште го почитуваат правилото. Бикините генерално се сметаат за непристојна облека. Сепак, веројатноста нешто да ѝ се случи на девојката на Роналдо е нула – заклучи Дорси.


