Ракометарките на европскиот шампион Ѓер од Унгарија први изборија пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите што ќе се игра во Будимпешта. Тие по дуелот во 4.коло од групата 2, го совладаа словенечки Крим на гости со 24:22 и создадоа недостижна предност.
Од оваа група пред пласман во полуфиналето е и Будуќност од Подгорица, бидејќи има четири бодови повеќе од Крим, а до крајот ќе се играат уште две кола.
Во групата 1, каде настапува и македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ, неизвесност околу полуфиналистките ќе биде веројатно до последното коло. По вчерашниот пораз од Митјиланд „вардардки“ се наоѓаат на втората позиција во групата со пет бодови, додека германската екипа Турингер е прва со шест, а дански Митјиланд е на третата позиција со 4 бодови. Савехоф има само 1 бод.
Македонскиот првак во следното коло гостува кај Турингер, додека во последното коло игра на домашен терен со последниот тим од групата Савехоф.
]]>


