Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во објава на Фејсбук напиша дека екипите на противпожарната се на терен и интервенираат на пожарат кај „Треска”.
-Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна“, напиша градоначалникот Герасимовски на Фејсбук.


