Германско семејство кое се враќало од Хрватска го запрела австриска полиција: Она што го виделе во нивниот автомобил ќе го паметат цел живот

Германско семејство на летување направило добро дело, но поради непочитување на протоколот за малку ќе завршеле во неволја. Имено, додека биле на одмор во Хрватска добиле подарок – јагне и одлучиле да си го однесат во нивниот дом во Берлин, но нивните планови ги замрсила австриската полиција.

Вечерта на 17 август австриската полиција добила пријава дека во Салцбург младо јагне силно блее од автомобил. Полициските службеници веднаш интервенирале и констатирале дека на задното седиште во автомобил со германски регистарски таблички со подотворени прозорци има младо јагне. За да се чувствува попријатно на јагнето во автомобилот му било напрвено ирмповизирано легло во кутија со ќебе и малку сено.

Полицајците набрзо откриле дека сопственикот на автомобилот се наоѓа во блискиот куклен театар, а грижата за јагнето ѝ ја доверил на една келнерка која работела во ресторан недалеку од паркингот каде што бил паркиран автомобилот.

Истрагата утврдила дека семејството на 49-годишниот Германец за време на нивниот одмор во Хрватска на подарок добиле јагне. Како големи љубители на животни, тие одлучиле јагнето да си го однесат дома. Паузата им била планирана да биде во Салцбург, каде што полицијата ги „фатила“. Тие изјавиле дека немале проблем при транспортот – за време на патувањето јагнето мирно си седело на средината на задното седиште, меѓу децата кои си играле со него и го држеле.

Инцидентот бил пријавен во ветеринарната служба, која го зела јагнето по име Чили и го предала на организација за заштита на животните, која ќе се погрижи јагнето да ги направи сите потребни прегледи и ќе биде ставено во карантин четири недели. На крајот на периодот на изолација, се очекува Германецот да може да може да го преземе Чили од организацијата и да си го однесе во Берлин.

Најчитани вести