Цените се одмрзнаа. Мерката која гарантираше помалку пари за основните производи помина. Во најава нова мерка за празниците. Во Дневникот на МТВ во Тема на денот гостин беше Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори зборува за актуелните состојби во стопанството.
-Цената на лебот нема да се покачи, до крајот на годината ќе имаме стабилни цени на суровините за производство на храна. Но војната во Украина и други кризи покажуваат дека треба да ја намалиме зависноста од увоз на суровини за храна и со добра стратегија да се зголеми домашното земјоделско производство – изјави Ѓорѓиевски.
Уште една од темите на која дебатираше Ѓорѓиевски е законот за нефер трговски практики и неговото функционирање.
Законот за нефер трговски практики е добар исчекор напред, се регулира една област, произведувач – трговец – потрошувач. Предлагаме како ССК да влезат институциите и да ја прегледаат профитабилноста кај сите тие чинители во ланецот. И да знаеме дали се реални цените, дали некој има голема профитабилност или се е логично и разумно – вели Ѓорѓиевски.
Целото интервју со потпретседателот на ССК, Ѓоргиевски на следниот линк:


