МЗТ Скопје гостува во Бања Лука кај Игокеа

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во рамките од 20.коло на регионалната АБА лига денеска гостува во Бања Лука кај екипата на Игокеа.

Составот на Игокеа е на шестото место на табелата со досега освоени 33 бодови само два повеќе од МЗТ Скопје кој е седмо пласиран.

Покрај натпреварот Игокеа – МЗТ Скопје Аеродром (од 17 часот) денеска ќе се играат и средбите Мега Визура – Црвена Звезда и Будуќност – Шолнок.

По два натпревари на програмата се во недела и понеделник и тоа: Крка – Широки, Цедевита – Унион Олимпија (недела), Задар – Цибона и Партизан – Раднички (понеделник).

Табела: Црвена Звезда 38 бодови, Цедевита 37, Партизан 35, Цибона 35, Будуќност 34, Игокеа 33, МЗТ Скопје Аеродром 31, Мега Визура 30, Крка 30, Унион Олимпија 29, Раднички 29, Шолнок 28, Широки 26 и Задар 26.

]]>

Најчитани вести