Го решил проблемот на свој начин: Освојувачот на златен медал Томас Цекон спие под клупа, му било жешко во Олимпиското село

Италијанскиот пливач Томас Цекон е забележан како спие покрај клупа во Олимпиското село.

Пливачот кој освои златен медал на 100 метри грбно, го фотографирал саудискиот веслач Хусеин Алиреза. Тој го споделил на Инстаграм со порака: „Денес одмори, утре победи“.

Цекон неделава се приклучи на листата спортисти кои се жалат на „пониските“ стандарди во Олимпиското село, но изгледа италијанската ѕвезда го решила проблемот на свој начин – со спиење на земја.

Претходно некои од натпреварувачите го напуштија Олимпиското село поради лошите услови и побараа сместување во други капацитети.