Ѓоковиќ и Федерер поминаа, елиминиран Вавринка

На Мастерс 1000 тенискиот турнир што се одржува во Индијан Велс (САД) рано утрово заврши последниот меч од осминафиналето во кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пресврт го победи Марин Чилиќ од Хрватска со 1:6, 6:2 и 6:3.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Роџер Федерер по победата остварена ноќеска против Томи Хас (Германија) со 6:4 и 6:4.

Изненадување во оваа фаза е елиминацијата на Станислас Вавринка (Швајцарија) шампионот од Австралија Опен. Тој загуби од Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 6:7, 6:4 и 1:6.

Турнирот заврши и за Енди Мареј (Велика Британија), кој е поразен од Милош Раониќ (Канада) со 6:4, 5:7 и 3:6.

На другите осминафинални дуели беа постигнати следниве резултати: Бенето (Франција) – Лопез (Шпанија) 2:0, Долгополов (Украина) – Фоњини (Италија) 6:2 и 6:4, Гулбис (Летонија) – Баутиста (Шпанија) 7:6, 4:6 и 6:2 и Изнер (САД) – Вердаско (Шпанија) 7:6, 3:6 и 6:3.

Во четвртфиналето двојките се: Раониќ – Долгополов, Федерер – Андерсон, Ѓоковиќ – Бенето и Изнер – Гулбис.

]]>

Најчитани вести