Во меч на второ и трето пласираниот светски тенисер, попладнево во Париз, Новак Ѓоковиќ (Србија) го совлада Давид Ферер (Шпанија) со 2:0 – по сетови 7:5 и 7:5. Ова беше финалето на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000.
Србинот и покрај негативата од 5:3, со серија од 4:0 ги реши двата сета во своја корист со што му ја одзема титулата од Париз на денешниот противник.
За Ѓоковиќ ова беше вкупно 16.ти трофеј од Мастерс турнирите и трет во низа по триумфите во кинеските Пекинг и Шангај.
Со оваа победа српскиот тенисер си ги зголеми шансите за враќање на врвот на АТП листата со евентуален триумф на следниот турнир.
Најдобрите светски тенисери веќе од утре се селат во Лондон каде ќе учествуваат на престижниот турнир во британската престолнина.


