Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен, откако го совлада Стaн Вавринка со 3:2.
Српскиот тенисер на тој начин му се реваншираше на Вавринка за минатогодишниот пораз во четвртфиналето, исто така по пет сетови. Ова за Ѓоковиќ беше 17-тиот триумф во меѓусебните пресметки со Швајцарецот.
Во борбата за титулата светскиот рекет број еден во недела ќе се сретне со Енди Мареј.


