Голем пожар избувна во трговски центар во Белград

Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград и засега нема информации за повредени. 

Пожарот го гаснат 30-на пожарникари со 10 противпожарни возила  и се обидуваат да спречат да се прошири на други објекти.

Трговскиот центар е од полуотворен тип со околу 400 локали.

Жителите на околните згради се предупредени да ги затворат прозорците.

Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот. 

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести