олема трагедија се случи утринава околу 10 часот во скопското село Глумово. Жртва на трагедијата е Авдиљ Сулејмани, човек омилен во селото, кого сите го знаат, секогаш насмеан, работлив занаетчија. Да биде трагедијата уште поголема, убиени се и неговиот син А.С. и неговиот внук Ар.С., од раката на истиот убиец, јавува Плусинфо.
Глумово е во неверица, бидејќи убиец на Авдиљ е неговиот роден брат Шабан. И Шабан веќе не е меѓу живите. Откако му пресудил на Авдиља, Шабан не сакал да се предаде на полицијата, туку си го одзел животот.
Шабан убиството го извршил со пиштол, среде улица во Глумово. Како на филм! За мотивите глумовчани сега само нагаѓаат, но не може да се каже ништо конкретно. Единствено што се претпоставува е дека Шабан имал психички проблеми.
За Авдиљ, пак, глумовци зборуваат се најдобро. Секогаш ведар, секогаш спремен да помогне. Никој не би поверувал дека Авдиљ може да биде убиен. Затоа жителите на ова село се во шок.


