Големите лаги на малиот Никола

Откако ќе ве најават за гостин во Европарламентот во Брисел, одите во една просторија, каде што, со аеродромски јазик кажано се чекирате и ви даваат налепница дека сте гостин (малиот Никола ја имаше извадено, да не го срами).

Потоа, проаѓате скенерска контрола (пак како на аеродром) и влегувате во зградата.

Од она што го видов, снимките на Груевски се направени на третиот спрат од зградата, кај преминот кој се вика Константин Караманлис (сиц).

Тука е дозволено снимањето на сите акредитирани новинарски екипи.

Официјалните средби и снимки од нив (со претседателот на ЕПП и еврокомесарот Хан) се остваруваат и снимаат на друго место. И на сосема поинаков начин. Кафе пиење по канцеларии и сликање по ходници, не е официјална средба.

На средби на маргините, не се дискутираат сериозно сериозни прашања. Латентно. Го прашале: што правиш, како си, те закача ли Катица, ама изгледа многу ти е страв од неа и сл.

Потсетувам, дека во ЕПП (Европска Народна Партија), ДПМНЕ-то е примено како партија од ФИРОМ.

Значи, после неофицијални средби на маргините, со претставници на ЕПП, каде е примен како ФИРОМ, малиот Никола, го снимале пропагандистите кај преминот кој се вика Караманлис.

Толку за големите лаги на малиот Никола.

Фејсбук статус на Петре Шилегов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести