На граничниот премин помеѓу Србија и Романија е поставен знак што стана хит на социјалните мрежи.
Фотографијата од знакот за првпат е објавена на Редит и се работи за знак поставен на велосипедска патека. Информацијата на знакот е напишана на српски и на англиски јазик, но… На таблата со големи букви пишува „Good by“, наместо „Goodbye“.
Исто така преку знакот на велосипедистите кои заминуваат од Србија им се порачува дека ја напуштиле Србија, да не тагуваат за тоа што поминало, туку да се радуваат за тоа што им се случило.
„Ви посакуваме вашиот велосипед секогаш да има полни гуми и ланецот да биде секогаш во состојба да ги пренесе вашите соништа по патиштата и патеките. Убава забавувате во прекрасната Романија“, им порачуваат Србите на своите туристи, но изгледа и оваа порака во англискиот превод има некоја грешка.
Како што пишуваат корисниците на социјалните мрежи, наместо англискиот збор за ланец – „chain“ на таблата е напишано “shain”. Овие грешки кај многумина предизвикаа неверување, но послужија и како инспирација за шеги. Поголемиот дел од случајните минувачи изразија незадоволство од тоа што стои таков натпис, а се уште не е коригиран.


