Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по едномесечната пауза повторно е на терените во борба за освојување нови бодови.
Ѓорческа (5.носителка) денеска во рамките на 1.коло на фјучрсот во Анталија, Турција ја победи Викторија Ченал од Индија со 6:0 и 6:0 по сетови.
Во следната рунда македонската тенисерка ќе игра со подобрата од дуелот на квалификантките Камил Шели (Франција) и Викторија Кузмова (Словачка).
Во игра на двојки Ѓорческа со Мартина Кубицкова од Чешка се рангирани како втори носителки и попладнево ќе играат против Романките Иоана Дуку и Марија Тиг.
Ѓорческа во моментов се наоѓа на 575.место на ВТА листата.


