Уште едно појаснување за доцнобудните радикални левичари кај нас во врска со победата на Сириза и пан-мундијалските очекувања од неа.
1. Не поминаа ни 24 часа а радикалната левица веќе е во коалициска прегратка со десничарите Независни Грци. Значи не со комунистите, туку со десничарите!!!
2. Второ, и без разлика на првото, идното владеење на Сириза со сигурност ќе ги покаже (а веќе и ги покажува, уште не седнати во кабинетите!!!) илузиите за можното (по)добро владеење на радикалната левица во принцип. Особено кога радикалната левица се само-иззема од контекстот и политичките системи во кои оперира, а најчесто се иззема.
3. Радикална левица е секако потребна во секој политички систем, но само како критика на левицата и можна насока за подобро морално-политичко владеење. Секое доаѓање на власт на радикалната левица и’ го отапува сечилото и ја прави уште побезнадежна идејата (можноста) за подобар свет. СДСМ има многу што да научи од оваа победа на Сириза.
4. Единствено во што се’ уште имам надеж е дека Сириза може до некаде да ја одржи инаку илузорната перцепција и пракса дека најсилен политички лепак на левичарите ширум светот е анти-национализмот. Ако во тоа успее, веќе е добар почеток.
Hic Rhodos, hic salta!
Фејсбук статус: Гордан Георгиев


