Гостиварско со зголемен број сообраќајки во кои страдаат пешаци

Во Гостиварско последниве години е евидентиран зголемен број сообраќајни несреќи во кои учествуваат пешаци. Како што за МИА информирало СВР Тетово, лани имало 29 сообраќајки од кои 10 со тешко и 17 со лесно повредени лица, како и две со човечки жртви. Претходната година, вкупниот број незгоди со пешаци изнесувал 23 од кои 10 со тешко и 13 со лесно повредени, но без загинати.

– Овие бројки го потврдуваат негативниот тренд и констатацијата дека пешаците се мошне ризична категорија учесници во сообраќајот, како и велосипедистите и моторциклистите, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Како причини, во анализите на СВР Тетово, се наведуваат непрописното движење или неприлагодената брзина на возилата, но неретко виновни за несреќите се и самите пешаци, со нивното неодговорно и опасно однесување во сообраќајот. Тие се изложуваат на ризик со движњето по коловози наместо по тротоари, ги преминуваат улиците не предвидно и не ја почитуваат светлосната сигнализација на крстосниците.

СВР Тетово – Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, во наредниот период засилено ќе го контролира однесувањето на пешаците, но и на возачите кон пешаците. Пешаците за прекршоци во сообраќајот можат да се соочат со глоби од 15 евра за поминување на црвено светло до 35 евра за другите видови прекршоци. За возачите кои не им даваат првенство на пешаците, пак, предвидена е глоба од 300 евра во денарска противвредност.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести