Гостиварско Врапчиште: Убиство во спалната соба

Убиството се случило околу полноќ во спалната соба, од домот во кој живееле сопружниците.

Осомничениот 49-годишниот Г.А со сопругата најпрвин започнале вербално да се расправаат. По караницата, сопругот ја зел секирата и со неколку удари по главата и вратот, на лице место ја усмртил неговата 5 години помлада жена, со која имал две полнолетни деца, јавува Телма.

20-тина минути подоцна, по грозоморниот чин сторителот на убиството случајот сам во полиција го пријавил

– На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници на СВР Тетово, кои го потврдиле пријавеното, а набрзо потоа извршен е увид што го водел јавен обвинител и во рамките на кој пронајдена е секирата со која најверојатно, односно се претпоставува дека е извршено убиството, како и други траги кои ќе се вештачат, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи. Нивните две полнолетни деца за време на инцидентот не биле дома

Осомничениот е задржан во Полициската станица Гостивар. Тој со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

По наредба на јавен обвинител врз безживотното тело на убиената, ќе се изврши обдукција.

Годинава ова е петто убиство во полошкиот регион.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести