Градоначалникот Илијев потенцираше дека се што е во ингиренции на локалната власт ќе се реализира. На жителите од Долни Подлог им посочи дека најважна е работата на нивната Месна заедница која треба да ги лоцира проблемите и да ги каже приоритетите кои се очекуваат од страна на општината.
Илијев исто така ги потсети жителите за можноста која ја нудат европските фондови наменети за рурален развој кои ќе бидат достапни уште во предпристапниот период а ќе значат подобрување на квалитетот на животот во руралните средини.
На трибината учествуваше и Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумартсво и водостопанство на претседателот на Владата, Зоран Заев. Таа со земјоделците од Долни Подлог ги сподели искуствата од посетата на Словенија, Хрватска и Бугарија, земји членки на ЕУ кои користат милијарди евра за развој на земјоделството и селата.]]>


