Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 26.01.2024 год. објави Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“.
Целта е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) за забрзан економски раст преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии.
Повикот е отворен за апликации до 29.02.2024 до 14:00 ч.
За финансирање проекти под овој Јавен конкурс обезбеден е вкупен буџет од 5.000.000 евра.
Какви инвестиции се подобни за аплицирање
Со кофинансираниот грант може да се набави нова опрема и софтвер кои ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на услугите и додавање на нови или значително подобри карактеристики, подобрување на производствените и деловните процеси, намалување на трошоци на оперативно работење, подобрување на ефикасноста при употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина итн.
Примери за претходно одобрени инвестиции во набавка на опрема и софтвер:
- Лабораториска опрема
- Опрема за стоматолошки ординации: рентген, 3D скенер, стерилизатор
- Технологија за 3D дентални импланти
- Современа и иновативна опрема за заботехнички лаборатории
- Опрема за општи и специјалистички здравствени ординации
- Опрема за рана дијагностика
- Дигитализација на процеси и услуги преку smart решенија
За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на info@agrotim.mk
Кој може да аплицира
На јавниот конкурс може да аплицира секое ПЗУ кое ги исполнува критериумите за подобност:
- Основано согласно Законот за установи и Законот за здравствената заштита и регистрирано во Централниот регистар на РС Македонија
- Да не е поврзано (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа
- Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација
- Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси
- Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања
- Апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години
- Да нема доспеани, а неподмирени обврски со доцнење над 90 дена кон финансиски институции заклучно состојба на крај на месец Февруари 2020, односно пред почеток на кризата предизвикана од Ковид 19, издадена од Македонско кредитно биро
- Да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и за истата намена/мерка да не добива државна помош од два различни извори поради тоа што таквата помош не е дозволена
Освен ПЗУ, на јавниот конкурс може да аплицираат и трговски друштва основани согласно Закон за трговски друштва и регистрирани во Централен регистар на РС Македонија.
Износ на грант
ФИТР обезбедува финансиска поддршка во форма на кофинансиран грант во максимален износ до 160.000 евра или 10 милиони денари.
Со други зборови, најголем дел од буџетот за проектот (до 70%) го финансира ФИТР, а помал дел (30 или 40%) обезбедува апликантот од сопствени средства.
| Вид на апликант | Грант од ФИТР | Дел на апликант |
|---|---|---|
| Претпријатие или ПЗУ – микро до 10 вработени годишен приход до 50.000 евра | до 40.000 евра (70%) | 17.000 евра (30%) |
| Претпријатие или ПЗУ – мало 10 до 50 вработени годишен приход од 50.000 до 2 мил. евра | до 80.000 евра (70%) | 34.000 евра (30%) |
| Претпријатие или ПЗУ – средно над 50 вработени годишен приход од 2 мил. до 10 мил. евра | до 160.000 евра (60%) | 106.000 евра (40%) |
За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на info@agrotim.mk
Прифатливи трошоци во рамки на проект
- Бруто плати за вработените лица кај апликантот кои ќе бидат ангажирани на проектот. Износите на бруто плати на вработените-ангажирани на проектот треба да соодветствуваат на воспоставените практики на корисникот пред почеток на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
- Трошоци за техничка поддршка (експертиза), трошоци за договорни услуги за истражување, развој, дигитализација (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);
- Трошоци за набавка и изнајмување на опрема, софтвер, алатки од информатичка технологија и суровини и потрошен материјал, директно поврзани со реализација на проектот;
- Трошоци поврзани со спроведување на план за технолошки развој на Апликантот;
- Други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој Инструмент.
Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
Времетраење на проект
Времетраењето на проектот може да биде до 18 месеци.
За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на info@agrotim.mk


