Промоција на кампањата „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија ќе отпочне општествено-економска кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. 

Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Како што соопшти Стопанска комора, на кампањата ќе бидат присутни сите членови на Управниот одбор на Комората на друштва за геодетски работи, а ќе говори Никола Рибароски претседател на Комората.

МИА

Најчитани вести