Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари.
За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за станарина, водам електрична енергија и греење 6.338 денари, за транспорт 5.041 денари, …

МИА


