Мерката 7 од ИПАРД за диверзификација на фарми и развој на бизниси има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во рурачните средини.
По принципот на ко – финансирање оваа мерка овозможува инвестиции во земјоделско производство, производство на прехрамбени производи и пијалоци, инвестиции во производство на непрехрамбени производи, занаетчиски дејности и рурален туризам.

Таков пример на успешен корисник на Мерка 7 од ИПАРД програмата е Компанијата „Којаконеја“
Како микро претпријатие од дрвната индустрија, финансиската поддршка од ИПАРД ја користеле за изградба на производствен погон, поставување соларни панели и набавка на опрема за производство на асортимани од дрва. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 65 милиони денари , а ко – финансирањето од АФПЗРР преку ИПАРД програмата изнесува 33,7 милиони денари.

Ако Вашата компанија се занимава со преработка на дрво и производи од дрво, Погледнете ја целосната листа на дејности за кои може да се побара неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра преку ИПАРД програмата.
МЕБЕЛ
- Производство на канцелариски мебел и мебел за продавници
- Производство на кујнски мебел
- Производство на душеци
- Производство на друг мебел
ПРЕРАБОТКА НА ДРВО И ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО
- Пилење и стружење на дрво
- Производство на фурнир и други плочи од дрво
- Производство на паркет
- Производство на друга градежна столарија и подови
- Производство на дрвена амбалажа
- Производство на останати производи од дрво
- Производство на предмети од плута, слама и плетарски материјал
Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за изградба или реконструкција на објекти, набавка на нови машини и опрема, набавка на компјутерски софтвер итн. Вкупната планирана инвестиција треба да изнесува најмалку 10.000 евра.
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува сопственост на корисникот. Може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.
Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.
За повеќе информации, проверка на подобноста за аплицирање и целосна професионална подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број:
📞 071 285 385
или испратете e-mail на dsi.konsalting@gmail.com


