55 годишниот Гоце Трајкоски од Прилеп загина попладнево околу 16 часот од удар на гром во месноста викана Долно Садово, во атарот на прилепското село Беровци. Страшната несреќа се случила кога Трајкоски и неговата сопруга береле тутун на нивата, информира ПатоказМагазин.
„Најветојатно громот го има привлечено машината за нижење на тутун. Нашите екипи веднаш излегоа на лице место, но за жал кај машкото лице можеше да се констатира само смрт, а додека жената со тешки изгореници веднаш беше префрлена во прилепската болница. Кај Трајкоски беше целосно изгорен левиот колк заедно со стомакот од каде што велгол громот, а од стапалата имаше по 5-6 излезни рани“, изјави Гоце Јонзоски, началник на итна помош Прилеп.
Засега се уште не се знае во точно каква состојба се наоѓа сопругата на Трајкоски.
Извор: ПатоказМагазин


