Груевски: Само по бели кондурчиња влегувам во Мерцедесот

Премиерот Никола Груевски денеска го коментираше својот нов моден стајл. Тој рече дека оделата во летни бои го отворале повеќе од маичките во ве-израз. А даде и кусо објаснување за белите кондурчиња од кои, велат, не се двоел.

– Во мерцедес од 600.000 евра не се влегува ко ропак. Порано, пред да си ги купам белите кондурчиња, се соблекував пред да влезам во мерцедесот, тоа Али ме научи, а сега влегувам ко господин. Внатре се е во бела кожа, чисто убаво, испрарфемисано, и јас со кондурчињава се уклапам во атмосферата. Да, некогаш знам да се занесам, па и во фабрика да влезам со бели чевличиња, како пред некој ден, ама за тоа си носам влажни марамчиња, па пред да влезам во мерцедесот фино си ги гланцам чевлите – вели Груевски.

Тој побара оставка од Заев поради, како што рече, недостиг на чувство за мода, што ја кочи земјава и е на штета на граѓаните.

gruevski

Груевски некогаш (долу) и Груевски денес (горе)

Извор: Козаностра

Најчитани вести