На дваесетина километри источно од Будимпешта се наоѓа малото гратче Пецел. Ни историјата, ниту актуелните вести на интернет-страницата на местото, кое е дом на вкупно 14.328 жители, не откриваат ништо особено за гратчето чии најпознати синови (според Википедија) се еден поранешен унгарски министер за одбрана и еден фудбалер. Но жителите на Пецел – чие име според локалните историчари потекнува од словенскиот сложен термин кој означува „пет села“ (пет цели) – имаат нова причина за задоволство. Нивната, доста штура, страница на Википедија во иднина може да биде збогатена со името на уште еден истакнат сожител: Никола Груевски, поранешен премиер на Република Македонија.
Куќа на улицата Бошкаи број 9 од 14 јули годинава е дом на новата фирма на експремиерот- Друштвото со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (I.C.I.C.). Според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите до кои дојде Дојче веле, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.
Повеќе на линкот: Дојче веле.
]]>


