Ѓуровски посакува да се почне со победнички ритам

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓоровски против Летонија на 5 март во Скопје ќе дебитира на новата функција. Според Ѓуровски ова ќе биде добра шанса да се провери формата на репрезентативците, нивниот квалитет и потенцијал.

– Летонија е квалитетна репрезентација која игра дисциплинирано, има квалитетни фудбалери и ќе биде сериозен противник. Иако станува збор за пријателски натпревар, желбата да се победи, да се фати позитивен натпреварувачки ритам и победнички дух, е гаранција да гледаме добар и квалитетен натпревар, со отворена игра и убави фудбалски потези. За мене ова е дебитантски натпревар како селектор, и секако дека чувствувам позитивна возбуда. Отсекогаш сум бил оптимист, и таа моја енергија ќе се трудам да ја пренесам и на фудбалерите. Мора напорно да работиме, за секој натпревар да имаме добра стратегија, секој да го даде својот максимум и да играме квалитетен фудбал 90 минути, изјави македонскиот селектор.

Тој ги повика навивачите во што поголем број да дојдат на Националната арена „Филип Втори“ и да им дадат поддршка на „црвено-жолтите“.

Македонија против Летонија и официјално ги започнува подготовките за следниот квалификациски циклус за Европското првенство во Франција во 2016 година.

]]>

Најчитани вести