Ѓуровски: Шпанија е фаворит, со другите можеме да се надигруваме

Шпанија е огромен фаворит, но со останатите селекции можеме да се надигруваме, вели селекторот на фудбалската репрезентација Бошко Ѓуровски за спортскиот портал Екипа веднаш по ждрепката во Ница. Македонија ќе игра во група со Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург. „Шпанија е огромен фаворит, тука нема дилеми. Што се однесува до останатите селекции во нашата група, мислам дека можеме да се надигруваме. Украина како второрангирана според барабаните, има најголеми шанси за втората позиција, но тоа не значи дека сите останати репрезентации, а тука и Македонија немаат свои шанси. Според една првична проценка, сите селекции во групата Ц негуваат технички дотеран фудбал, што значи дека ќе имаме можност за вистинско надигрување на речиси сите натпревари. Не би сакал во прв момент да давам прогнози за евентуален пласман, сепак, потребна е детална анализа на секој противник, а на крајот фудбалскиот терен е местото каде ќе се решаваат дилемите и ќе се остваруваат резултатите. Нема лесна и тешка група, туку група во која Македонија мора на секој натпревар да го даде својот максимум и да се бори од петни жили за освојување на бодовите“, вели Ѓуровски.  ]]>

Најчитани вести