Гутереш повика на усвојување глобален план за вакцинација

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска повика на усвојување на глобалниот план за вакцинација, велејќи дека Групата од 20 богати нации е во добра позиција да ги предводи ваквите напори.

– На светот итно му треба глобален план за вакцинирање кој ќе го донесат сите оние кои ја имаат потребната сила, научна експертиза и производствен и финансиски капацитет, рече Гутереш пред Советот за безбедност на ООН.

„Треба да обезбедиме сите, насекаде, да бидат вакцинирани што е можно побрзо“, додаде тој.

MИА

]]>

Најчитани вести