Гвардиол: Меси беше мојот идол

Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Јошко Гвардиол даде свое видување за настапите од почетокот на сезоната.

На осум натпревари од сезоната во Премиер лигата, дефанзивецот на Манчестер Сити постигна два гола.

– Мојот идол беше Меси. Кога играш дефанзивец 10-15 години, се заморуваш од тоа. Како помлад, играв насекаде – крилен играч, дефанзивен играч за врска, офанзивен играч за врска, па дури и напаѓач. Се чувствувам удобно во која било позиција и често завршувам на внатрешната лева страна бидејќи тоа го сака тренерот, рече Гвардиол.

Пред да дојде во Манчестер сити, Гвардиол играше за Динамо Загреб и за Лајпциг. 

МИА

Најчитани вести