Пеп Гвардиола тренерот на минхенски Баерн му одговори на легендарниот фудбалер на „Баварците’’ Франц Бекенбауер по неговите критики.
Неодамна Бекенбауер упати критики за играта на Баерн која според него се повеќе наликуваа на онаа на Барселона, па наскоро тој очекувал и Баерн да игра „доседен„ фудбал како Барселона.
– Франц е легенда, пред се на овој клуб. Многу по почитувам неговото мислење. Секогаш прифаќам и други мислења. Сепак, мислам дека ние играме фантастичен фудбал. Тоа се гледа и од резултатите, изјавил Пеп Гвардиола за шпанскиот весник „Марка’’.
Баерн е на најдобар пат да ја одбрани двојната круна во Германија. Баварците веќе имаат 23 бодови повеќе од Борусија Дортмунд тим кој е второ пласиран на табелата во Бундес лигата.
Воедно, Баер лесно обезбеди пласман во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите каде исто така е бранител на трофејот освоен минатата година.
– Секогаш го давам својот максимум во работата. Така беше во Барселона, така е и овде во Минхен. Тоа е мојата филозофија за фудбалската игра. Досега носеше резултати, па не гледам зошто нешто би менувал, без разлика дали тоа некому му се допаднало или не, дополнува Шпанецот кој на кормилото на Баерн дојде минатото лето.
]]>


