Халилхоџиќ ги повика љубителите на фудбалот да се приклучат на се приклучат на социјалната мрежа Футгол (Footgoll)

Познатиот фудбалски стручњак, селектор на репрезентацијата на Јапонија Вахид Халилхоџиќ, меѓу првите отвори профил на интернационалната фудбалска мрежа Футгол ( footgoll.com) и ги повика сите љубители на фудбалот да му се приклучат.

“Фудбалот беше и остана мојот живот” вели Халилхоџиќ и додава: “Кога играв живеев за својот клуб и за репрезентацијата, а посебно за навивачите кои ме гледаа. Мојот почеток беше тежок, особено што немав прилика да им покажат на вистинските менаџери и тренери што знам, бидејки тогаш технологијата и медиумите не беа развиени како сега. Таленти има по цел свет, ама многу немаат ресурси да се наметнат и бидат забележани. Впрочем Футгол (Footgoll) го нуди тоа, бесплатна промоција на играчите, клубовите, медиумите, како и оние поради кои се игра фудбалот навивачите.”

Вахид Халилхоџиќ својата кариера ја почнал во мостарски Вележ, а подоцна поради брилијантните натпревари на терен бил забележан од големите клубови. Продолжил да игра во Нант и ПСЖ во Франција и беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа. По завршувањето на играчката кариера стана успешен тренер, на сите ќе им остане во сеќавање неговото водење на репрезентацијата на Алжир 2014 година на Светското првенство во Бразил, каде стигнаа до осминафиналето. Моментално ја предводи репрезентацијата на Јапонија.

Како што вели самиот секогаш ценел работа, труд и квалитет. “Сепак покрај квалитетот битна е и промоцијата за се биде забележан. Неизмерно ми е драго што Футгол (Footgoll) е светска фудбалска мрежа, осмислена и програмирана од страна на стручњаци од нашите простори. Имаме нешто со што можеме да го освоиме светот и затоа сум дел од ова. Концептот е таков да може да се вклучат сите оние кои сакаат фудбал. Поради тоа би ги повикал сите свои колеги селектори, репрезентативци, како и сите клубови и навивачи да отворат профили на Футгол (Footgoll) со што ќе станеме пресек на светскиот фудбал. Мојата маленкост и многумина други успеавме, сега е потребно на другите да им помогнеме да успеат.” вели Халилхоџиќ.

Најчитани вести