HSV Handball на жрепката во Виена, Маркус Рудолф – Искрено ја посакувавме Висла Плок, но ете немавме среќа и ќе играме со Вардар. Македонскиот шампион има искусен тим, игра одлично, а тоа го покажа во првиот круг од натпреварите. Не чека тешко гостување во Скопје, според она што го видовме од снимките во арената атмосферата е фантастична, но ние одиме на победа во двата дуели. Искрено ние во реваншот не можеме да направиме таква атмосфера. Во секој случај ова ќе бидат два многу тешки натпревари за нас” – вели Рудолф. Хамбург ќе игра со Вардар во Скопје во периодот од 19 до 23 март, додека пак реваншот на програмата е седум дена подоцна во Хамбург.]]>


