За некого бројот 13 е малерозен и му носи несреќа, на некого му носи среќа. За кого бројот 13 беше малер,а за кого среќен во Македонија. Во изминатиот период СДСМ на чело со нај храбриот човек во новата ера Зоран Заев испукаа тринаесет бомби. За некого овие бомби како што спомнав донесоа несреќа,а за некого среќа, сега сите се прашувате сто е среќата,а што е несреќата.
Прво ќе кажам зошто за некого бројот 13 беше несреќен
- Со овие 13 бомби дознавме т.е. се потврди тоа дека ВМРО- ДПМЕН не го бира народот по свое лично убедување туку под притисок за губење на работното место, одење во ендек, казни изречени преку УЈП и ред други работи…
- Дознавме дека навистина и мртвите гласаат, дека лични карти се издаваат и се договара нивно печатење како да се работи за самолепливи слики,а не за лични карти, дека луѓе се носеле од Пустец и тие рака за рака оделе и гласале, лифтови се гаселе, а ромите за уши ги ваделе на гласање…
- Дознавме дека Горде во МВР си имала кол центар на едниот кат, а на другиот ги примале амбасадорите и им мачкале очи дека се е во ред, а Миле имал штаб кај него во министерството.
- Се потврди онаа кадија те тужи кадија те суди.
- Во овие 13 бомби се виде дека кај нив нема единство како што тие глумат сите 9 години, се виде дека не се работи идеологијата на ВМРО не се работи за татковината не се работи за патриотизам туку се работи за пари и само пари!
Искрено се надевам дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одважат и ќе си ја ослободат партијата од оние кои идеологијата ништо не им знаци.
Што беше позитивно или зошто бројот 13 беше среќен за некого
- Среќна и позитивна беше за членовите и симпатизерите на СДСМ се она што го кажа лидерот на СДСМ Зоран Заев во минатото се потврди дека е точно и членовите и симпатизерите на СДСМ овој пат не беа излажани.
- За сите оние кои си ја сакаат Македонија она што го зборуваа во минатото за изборните нерегуларности за партизираното судство сега имаат цврсти докази со кои можат да се борат да се смени сегашната состојба во Македонија.
- Среќна беше за граѓаните на Македонија за конечно да добијат лик кој реши да ја објави Вистината за Македонија до крај да не се штеди и не калкулира за подобра иднина за неговите сограѓани.
- Позитивно од овие 13 бомби е тоа што конечно народот се ослободи и повеќе не им се плаши на овие што 9 години не притискаат сега народот нив ги притиска секој ден пред некоја институција да си заминат.
- Среќен е за членовите и симпатизерите на СДСМ бидејќи кај нив има единство слога и спремност да одат до крај на чело со Зоран Заев во битката за слободата и демократијата повторно да се вратат во Македонија.
Среќен е за сите нас граѓани на Македонија бидејќи го добивме херојот на 21век кој реши по секоја цена да му се спротивстави и да оди до крај без лични калкулации и предрасуди туку искрено и чесно за нашата Македонија да му се спротивстави на оној од другата страна кој веќе 9 години не држи во заложништво далеку од ЕУ и НАТО далеку од слободата и демократија далеку од она што го заслужуваме,а нешто нај нормално во 21 век, херојот кој се бори за сите овие работи има свое име и презиме, а тоа е Зоран Заев.
Пишува: Митко Бојмацалиев


