Фудбалерите на Хетафе го направија најголемото изненадување во 31.коло од Примера победувајќи синоќа на гостувањето кај Валенсија со 3:1. Ова за Хетафе беше прв триумф по 15 натпревари без победа.
Со новите три бода Хетафе излезе од зоната на испаѓање и сега има еден бод предност пред конкурентите за опстанок во лигата.
Резултати на осум натпревари од 31.коло: Еспањол – Барселона 0:1, Селта Виго – Севиља 1:0, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 1:2, Реал Мадрид – Рајо Ваљекано 5:0, Ваљадолид – Алмерија 1:0, Осасуна – Сосиедад 1:1, Виљареал – Елче 1:1 и Валенсија – Хетафе 1:3.
Вечерва играат: Гранада – Леванте и Бетис – Малага.
Табела: Атлетико Мадрид 76, Барселона 75, Реал Мадрид 73, Атлетик Билбао 56, Сосиедад 50, Севиља 50, Виљареал 49,.
]]>


